З-Пласт

Трговска компанија за овошје и зеленчук

Компанија

Визија

Препознатлив бренд за селекција и трговија со најдоброто овошје и зеленчук.

Мисија

Во соработка со производителите, се грижиме за производот при садењето и бербата; го складираме и пакуваме според највисоки стандарди за да добиете квалитетен производ.

Вредности

Односи на доверба и интегритет со нашите клиенти. Корпоративна општествена одговорност

Продукти

Свежо овошје и зеленчук: најдоброто од сезоната!

За нас

Опис на компанијата

Нашата семејна компанија З-Пласт е основана во 1990 година, како трговска компанија за овошје и зеленчук. Се наоѓаме во Муртино, во регионот на Струмица, 50 км оддалечени од бугарската и грчката граница. Нашата компанија е лоцирана во подножјето на планината Беласица, област опкружена со плодна почва која изобилува со чиста изворска вода. Меѓу другото, овој регион има најмногу сончеви денови во текот на годината.

Многу генерации на земјоделци во оваа област работат грижливо на производство на земјоделски производи богати со нутритивни вредности. Наша примарна цел е да градиме пријателски и односи на доверба со нив, што ни овозможува избор на најквалитетни, органски одгледани производи. Ваквиот пристап е основа за нашето искуство со извоз во источниот и делумно западноевропскиот пазар.

Во зависност од вашите потреби, ви нудиме овошје и зеленчук: свежо, замрзнато и конзервирано. Освен за секојдневна употреба, нашите производи се користат во пошироката прехранбена индустрија за производство на џем, салати, сосови, зачини итн.

Искуството и квалитетот се наша јака страна. Подготвени сме да бидеме ваши партнери!

Контакт

с.Муртино 2432, Струмица, Р.Македонија

info@zplast.mk

+389 (0)34 373 775